Ѓоковиќ по поразот – Ова беше еден од тие црни денови

Ѓоковиќ по поразот – Ова беше еден од тие црни денови

Новак Ѓоковиќ е шокантно и неочекувано елиминиран од турнирот во Индијан Велс во сингл, но заедно со Фабио Фоњини се пласираа во полуфиналето за двојки.

По елиминацијата на Ѓоковиќ од Германецот Колшрајбер, српскиот тенисер го изрази своето незадоволство од таквиот епилог.

Искрено, не сакам да губам, не сум навикнат на тоа. Посебно не на овие турнири, на кои што претходно сум имал успех. Но тоа се случува, ова беше еден од тие црни денови.

Мора да прифатиме она што ни се случува и да се свртиме на следната станица. Што се однесува до сингл конкуренцијата, Мајами е следниот чекор. Има многу работи на кои видов дека мора добро да поработам, да играм на уште поголемо, повисоко ниво. Полека одам кон тоа, чекор по чекор, се надевам дека ќе се приближам до посакуваната форма пред Мајами – истакна Ѓоковиќ.