Ѓоковиќ ја прифати поканата на Заев и ќе дојде во Македонија

Ѓоковиќ ја прифати поканата на Заев и ќе дојде во Македонија

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ја прифати поканата на македонскиот премиер Зоран Заев да ја посети нашата земја.

На прашањето на македонскиот новинар на „Макфакс“ дали го видел јавниот повик на премиерот Заев да ја посети Македонија, бранителот на титулата на Вимблдон изјавил дека го видел повикот и дека го прифаќа.

„Не знам кога ќе се случи тоа, но сигурно ќе дојдам во Македонија затоа што морам да го видам Охрид“, изјави најдобриот тенисер на светот.

На прес-конференцијата после освоената титула на Вимблдон вчера, Ѓоковиќ ја поздрави Македонија и Скопје и се пошегува дека неговиот кум Невен не е моментално тука за повторно да запеат некоја македонска песна. Српскиот тенисер порача дека повторно ќе пее македонски песни поради неговите навивачи од Македонија.