Годините не ѝ можат ништо на Наоми Кембел

Годините не ѝ можат ништо на Наоми Кембел

48-годишната модна икона ги насочи кон себе сите погледи кога зачекори на црвениот тепих на (RED) Auction.

На добротворниот настан организиран со цел да се соберат средства за борба против ХИВ/СИДА, легендарниот супермодел блесна во сина елегантна креација.

Наоми е активно вклучена во борбата против сидата и е редовна гостинка на добротворните настани кои имаат цел собирање средства за борба против вирусот ХИВ и болеста СИДА.