Го прославивме петтиот роденден на Health, Fitness & Wellness!

Го прославивме петтиот роденден на Health, Fitness & Wellness!

Викендов заврши петтото издание на Health, Fitness & Wellness Expo – најголемиот интерактивен настан за здрав животен стил на нашите простори.

Терените на Работнички уште еднаш беа збогатени со сублимација од адреналин и позитивна енергија, иновативни производи, значајни едукативни презентации, возбудливи натпревари и многу награди. Локалните фитнес студија и гуруа квалитетно ја размрдаа публиката и уште еднаш покажаа дека свеста за здравиот начин на живот од година во година се зголемува.

Becutan Kids Vits на најмалечките им овозможија целодневна забава во посебниот KIDS CORNER богат со интерактивни игри, долгогодишните поддржувачи на настанот Sport Inn доделија вредни награди на најдобрите во балансирање на slackline и spinning, Wild Boars ја однесоа публиката во својот свет и сите заинтересирани ги научија како се игра рагби а Champions House одржаа Street Workout натпревар кој беше возбудлив и неизвесен до самиот крај!

Преку фотографии, ви пренесуваме дел од атмосферата. Се гледаме догодина.