Глумицата со најголем коефициент на интелигенција во Холивуд наполни 60 години и изгледа прекрасно!

Глумицата со најголем коефициент на интелигенција во Холивуд наполни 60 години и изгледа прекрасно!

Глумицата и поранешен модел, Шерон Стоун се смета за една од најуспешните дами во Холивуд, а таа и понатаму освојува со својот атрактивен изглед и харизма која произлегува од неа.

Резултат со слика за шерон стоун

Американската глумица Шероун Стоун пред неколку денови наполни 60 години, а со влегувањето во новата деценија од својот живот тоа го прифаќа како нормален процес. Таа и понатаму работи на себе, ја негува нејзината убавина, успешно редифинирајќи го поимот за грациозно стареење.

“Идејата дека младоста е единствената работа која е убава или атрактивна, едноставно не е вистина. Не сакам да бидам безвременска убавица, туку сакам да бидам најдобра жена за моите години. Да, нешто ќе изгубите, но и ќе добиете. Зрелите години можат да бидат фантастичен почеток за нешто ново”, тврди ѕвездата на филмот “Ниски страсти”.

Резултат со слика за шерон стоун

Сепак, 60 години ја одржува својата убавина само со хидратантна крема за лице, за разлика од денешните холивудски девојки кои подлегнуваат на естетски операции како и третманите со ботокс и филери.

Истакна дека преферира органска и здрава храна, последниот оброк ѝ е до 19 часот и секој ден пие 2 до 3 литри вода.

Резултат со слика за шерон стоун

“Не јадам преработена храна, не пијам кафе и многу ретко пијам газирани пијалаци и алкохол. Сакам да јадам како и секоја друга личност и јадам кога сум гладна”, вели глумицата.

“Сметам дека во уметноста, во доброто стареење присутен е еден вид на сексуалност во начинот на справување со несовршеностите. Според мене тоа е толку сензуално”, заклучи Шерон.