Често ви пишуваме за убавици ширум светот, па сега имаме огромна чест да ве запознаеме и со една наша убавица – Кајли Стојковска.
Имено, оваа девојка од Германија со македонски корени има само 18 години, а веќе го освојува светот со својата убавина.
Кајли обожава да вежба фитнес, а меѓу омилените спортови и е пливањето. Во моментов студира во областа на туризмот и менаџментот, а сигурни сме дека со својата убавина е одличен амбасадор за убавините на нашата земја.
Еве дел од фотографиите кои ни ги испратија во порака на нашата Фејсбук страна, а се надеваме дека во иднина ќе направи и свој Инстаграм профил кадешто ќе можете да уживате во нејзините фотографии.