Гатузо проговори за своите планови со Ибрахимовиќ

Гатузо проговори за своите планови со Ибрахимовиќ

Калчолигашот Милан дефинитивно ќе биде активен во зимскиот преоден рок и само прашање е кои фудбалери ќе пристигнат на „Сан Сиро“.

Се вртат доста имиња, но далеку најспоменувано е она на шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ. Кај двете страни постои желба за соработка, но засега никој официјално не сака никој да потврди со тоа што сите инволвирани ја оставаат вратата отворена ја ваква зделка.

Последниот кој се огласи беше тренерот Џенаро Гатузо кој испрати кратка, но јасна изјава:

-Ќе видиме што ќе се случи, но во моментов сакам да се фокусирам на тоа што го имаме и што треба да направиме. Нема смисла да разговараме за тоа. Само треба да го извадам најдоброто од мојот тим, -истакна популарниот Рино.