Galaxy S10 со нова, одлична опција за фотографите!

Galaxy S10 со нова, одлична опција за фотографите!

Според гласините, Самсунг подготвува опција слична на Night Sight на Google која ќе овозможи правење на фантастични фотографии во услови на слабо осветлување.

За околу два месеци јужнокорејската компанија ќе ја претстави јубилејната 10-та генерација на паметни телефони од серијата Galaxy S и според гласините, тоа ќе бидат најинтересните телефони во изминатите неколку години.

Веќе е познато дека новиот Galaxy S10 нема да има “notch”, туку ќе има посебен засек на екранот каде што ќе биде сместена камерата, речиси сигурно ќе има сензор за отпечатоци на прсти вграден под екранот, а најмоќниот модел би можел да има дури шест камери.

Сепак, кога станува збор за камерите, веројатно најинтересното нема да биде бројот на камерите, туку новата технологија која што Самсунг наводно ја развива и треба да овозможи правење на фантастични фотографии во услови на слабо осветлување.

По примерот на Night Sight на Google, од Самсунг ја развивале технологијата наречена Bright Night која ќе се базира на слични методи, односно правење на повеќе фотографии и нивно поврзување во една „совршена“ фотографија.

Ако инжинерите на Самсунг завршат одлична работа како и нивните колеги од Google кои што ја имплементираа Night Sight технологијата кај новиот Google Pixel 3, тогаш во комбинација со врвниот хардвер каков што секогаш се очекува од новите модели на Galaxy S серијата, Самсунг со „десетката“ уште на самиот старт од годината може да ја понесе титулата за најдобар паметен телефон за 2019-та година.