Galaxy S10 ќе поддржува и брзо безжично полнење

Galaxy S10 ќе поддржува и брзо безжично полнење

Самсунг во февруари идната година ќе ја претстави јубилејната 10-та генерација на Galaxy S моделот, а во јавноста веќе испливаа бројни информации поврзани со Galaxy S10.

На специјализираните портали, покрај досега познатите гласини, започна да кружи нова гласина, која што овој пат е поврзана со безжичното полнење на новите телефони од Galaxy S10 серијата на јужнокорејската компанија.

Наводно, Galaxy S10 ќе го испрати во историјата полнењето со сила од 15 W и ќе ја превземе технологијата за безжично полнење Quick Charge 2.0 како и останатите паметни телефони на Самсунг.

Доколку ова се покаже како вистинито, Galaxy S10 ќе им се придружи на останатите модели од конкуренцијата кои што веќе поддржуваат полнење со сила од 40 W. Последната верзија на технологијата на Qualcomm која што уредите на Самсунг со безжично полнење ја поддржуваат е 27 W, па затоа не е невозможно ова да биде почетна точка на новите топ модели.

Безжичното полнење е еден од ретките сегменти каде што моментално Самсунг заостанува зад конкуренцијата. Се очекува дека кон крајот на февруари, кога Јужнокорејците ќе ги претстават новите телефони од Galaxy S10 серијата, да започнат да фаќаат приклучок, ако не и да престигнат многу конкуренти.