Galaxy S10 го има најдобриот екран досега!

Galaxy S10 го има најдобриот екран досега!

DisplayMate ги објави резултатите од тестирањата на новата серија на паметни телефони на Самсунг и резултатите се фантастични.

Како што пренесува TechRadar, новиот флегшип на јужнокорејската компанија, Galaxy S10 остварил резултати на тестирањето на DisplayMate кои што поставиле нови рекорди.

Новиот адут на Самсунг ја заработил највисоката оценка „А+“ на DisplayMate. OLED екранот на новиот Galaxy S10 се нашол на местото на рекордери кога станува збор за перформансите на самиот екран – имено, екранот на Galaxy S10 има за 17% посветол екран од досегашниот рекордер Galaxy S9.

Екранот на Galaxy S10 исто така може одлично да ги репродуцира боите, напиша рецензентот, доктор Рејмонд М. Сонеира, кој што тврди дека новиот паметен телефон на Самсунг има „најпрецизна репродукција на бои досега“.

Пофалбите на сметка на екранот на Galaxy S10 не застанаа тука. Сонеира тврди дека резултатите од тестирањето се практично совршени и дека екранот на Galaxy S10 е дефинитивно подобар од телефонот кој што сега го користите, од вашиот телевизор, лаптоп и компјутерски монитор.

DisplayMate наброи и неколку подобрувања во однос на минатогодишните модели, вклучувајќи го и аголот на гледање, спектарот на сино светло и енергетската ефикасност на екранот.