Фудбалскиот тим Барселона доби свој официјален автомобил

Фудбалскиот тим Барселона доби свој официјален автомобил

Играчите на Барселона и претходно официјално користеа различни модели на автомобилските брендови кои ги спонзорираат, како Audi, но ова е првпат еден автомобил да биде прогласен за официјален модел на овој фудбалски клуб.

Formentor е SUV модел со спортски перформанси произведен под-брендот на Seat со име Cupra. Ова е прв оригинален модел со логото на Cupra откако марката беше формирана пред нешто повеќе од две години.

Иако одреден број на возила ќе бидат дадени на клубот за употреба, тоа не значи и дека сите „ѕвезди“ на фудбалскиот тим од Барселона ќе бидат видени зад воланот на овој модел. Сепак, фудбалерите претпочитаат да уживаат во сопствените супер спортски модели.

За оние ќе изразат желба да возат Cupra Formentor како службен автомобил, Cupra нуди специјална персонализација во својата фабрика.