Фудбалерите на Арсенал 20 натпревари се без пораз

Фудбалерите на Арсенал 20 натпревари се без пораз

Иако „Топчиите“ се на 5-то место на табелата во Премиер лигата, навивачите можат да бидат задоволни од фантастичната игра.

Фудбалерите на Арсенал синоќа ремизираа на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед (2:2), а тоа беше 20-тиот натпревар во низа на кој што избраниците на Унаи Емери немаат пораз.

Арсенал има низа од 15 победи и пет нерешени натпревари и ова е најдобрата серија на клубот од 2007-ма година. Сепак, навистина интересно звучи фактот дека лондонската екипа во овој период ниту еднаш не водела на полувреме.

Имено, Арсенал никогаш не заминале на полувремето со водство, а веќе поминаа 15 кола во Премиер лигата. Сепак, и покрај тоа Арсенал веќе има девет победи, а следното коло против Хадерсфилд на „Емирати“ ќе имаат шанса да ја прекинат оваа низа.