Фризурата која дамите ја одбегнуваа сега повторно е во мода

Фризурата која дамите ја одбегнуваа сега повторно е во мода

Иако оваа година во мода се осумдесеттите години на минатиот век, фризурите останаа во духот на деведесеттите.

По враќањето на волуменозните локни, ластичињата за коса и големите пластични шноли, сега во мода се врати уште еден помалку популарен тренд во кој за краток рок се заљубија многу познати дами. Станува збор за т.н. “запуштена руса коса”.

Иако всушност целта не е да изгледате запуштено, оваа фризура се состои од топла златно-руса боја на коса со видлив, темен корен кој мораме да признаеме изгледа многу привлечно.Селена Гомез, која повеќе не е русокоса, е една од главните носители на овој тренд кој веќе го носат и Хејли Болдвин, Рита Ора, сестрите Кардашијан и бројни други славни трендсетерки.

Доколку веќе ја фарбате вашата коса во руси нијанси, тогаш сте во предност бидејќи сè што треба да направите е да ја пуштите косата малку да израсне и секако –да ја одржувате здрава и негувана.