,,Friends” на малите екрани до крајот на летото

,,Friends” на малите екрани до крајот на летото

Конечно е потврдено! Најпознатите „Пријатели“ се враќаат на малите екрани по повеќе од 25 години од почетокот на оваа култна серија! Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер ќе се вратат во оригиналната сцена во продукцијата на „Пријатели“, сцена 24, во Warner Bros.

Големото финале го гледавме со тешко срце уште во 2004 година. После неколкумесечни шпекулации, Џенифер Анистон, преку сопствениот профил на Инстаграм, посочи дека желбата на многу фанови ширум светот ќе се оствари и ќе ја видиме славната шесторка заедно повторно на малите екрани.

Медиумската куќа HBO Max ќе произведе едночасовна специјална епизода. Неодамна беше објавено дека, според сите сметки, премиерата на долгоочекуваните нови епизоди треба да се случи на крајот на летото, и дотогаш не ни останува ништо друго освен да чекаме трпеливо и во меѓувреме можеме да ги прегледаме старите епизоди!