Франц од Нокаут стана татко

Франц од Нокаут стана татко

Владимир Крстевски – Франц има за што да се радува. Поранешниот член на групата Нокаут стана татко.

Македонскиот музичар и неговата сопруга Ема добија ќеркичка. Новороденото девојче го доби името Мелоди.

„На први јуни се роди мојата ќерка Мелоди Франц Крстевски. Ѝ посакувам добредојде на овој свет. Нашите срца се преполни со љубов и благодарам бескрајно на убавите честитки“– напиша тој во описот на фотографија од бебенцето.

Франц и Ема стапија во брак во 2014 година. Парот веќе неколку години живее во Лос Анџелес.