Франческо Тоти – Јувентус ќе го освои Скудетото

Франческо Тоти – Јувентус ќе го освои Скудетото

Рома новата сезона ја започна така што освои четири бода од првите три одиграни натпревари, а легендата на овој клуб, Франческо Тоти, зборуваше за шансите на својот некогашен тим.

Никого не можеме да обвинуваме за моменталните резултати, не очекуваат уште многу натпревари во лигата, но мораме да бидеме реални, Јувентус ќе го освои Скудетото.

Нам ни останува да се натпреваруваме со Милан, Интер, Лацио и Наполи за второто место. Јувентус тука е надвор од конкуренција – изјави Тоти.