Фотографија која доби над 200.000 лајкови поради тешко видлив детаљ

Фотографија која доби над 200.000 лајкови поради тешко видлив детаљ

М.Т. Андерсон, објави на Твитер една стара семејна фотографија од божиќна прослава и таа стана хит само поради еден детаљ на неа.

„Ја објавувам оваа стара божиќна фотографија, бидејќи штотуку забележав дека мојата џебна марама е всушност хрчакот на сестра ми”, напиша тој во описот на фотографијата, која ја лајкнаа над 200.000 луѓе.

Фотографијата е споделена повеќе од 35.000 пати, а таа собра и повеќе од илјада коментари. „Ваквите работи се единствената смисла на Твитер”, заклучи еден корисник.