(ФОТО+ВИДЕО) Фолксваген го претстави новото поло

(ФОТО+ВИДЕО) Фолксваген го претстави новото поло

 (Volksvagen Polo) гопрестави сосема новото поло од шестата генерација на моделот која сега е поголема, технолошки понапредна и поефикасна во однос на потрошувачката на горивото од кога било до сега.

Новиот освојувач на градските улици на Фолксваген е најголемото поло во историјата, со должина од 4.053 милиметри и меѓуоскино растојание подолго за 94 милиметри, што е очигледно во просторноста на кабината. Дури и багажникот е поголем за 25 отсто, што е супер за на пат.

Исто така вгради цела низа системи за помош при возењето, кои најчесто се наоѓаат кај поголемите автомобили, во стандардната опрема на новото поло. Тука се вклучени предната заштита (Front Assist) со помош при итно сопирање (City Emergency Breaking) и надзор над пешаците (Pedestrian Monitoring), ограничувач на брзината и систем за надгледување на притисокот во гумите.

Исто така може да се добијат и содржини како активна контрола на брзината (Active Cruise Control) (која во опцијата со автоматски менувач вклучува и сопри и тргни функција – Stop&Go), систем за детекција во мртви агли (Blind Spot Detection) и помош при паркирање (Park Assist).

Најголемото изненадување доаѓа кога ќе ги отворите вратите, бидејќи полото има сосема нов ентериер, со сосема нова инструмент табла која пружа подобар преглед на дигиталните дисплеи и контролите за возачот.

Малку за моторите, Фолксваген новото поло ќе го нуди со девет погонски групи. Основен е 1,0-литарскиот бензинец во атмосферска и турбо верзија, почнувајќи од 65 коњски сили па сѐ до 115. Ќе се нуди и новиот 1,5-литарски ТСИ, со функција за деактивирање на цилиндрите и 150 коњски сили, додека новото поло ГТИ ќе има 2,0-литарски турбобензински мотор со 200 коњски сили, а за спринт од 0-100 км/ч ќе му бидат потребни само 6,7 секунди. Дизел понудата се состои од две верзии на 1,6-литарскиот ТДИ, со 80 и 95 коњски сили. За првпат во полото Фолксваген ќе нуди и мотор на природен гас, новоразвиениот 1,0 ТГИ со 90 коњски сили.

Новото поло на најважните европски пазари ќе почне да се продава кон крајот на годинава по „екстремно поволни цени“, што во Германија ќе значи почетна цена од околу 12.500 евра.