(ФОТО) Емина Јаховиќ ја пушти јавноста во нејзиниот нов дом

(ФОТО) Емина Јаховиќ ја пушти јавноста во нејзиниот нов дом

Српската пејачка Емина Јаховиќ им покажа на своите следбеници на Инстаграм како изгледа нејзиниот нов дом. Таа сподели фотографии од својата оаза на мирот, која ја украсуваше со месеци, избираше мебел и детали за да биде сè на своето место.

Сивата, крем, белата и златната боја се боите што преовладуваат во ентериерот. Популарната пејачка го потенцира луксузот со минимални детали.

Мустафа нема платено алиментација за нашите синови Јаман и Јавуз повеќе од две години. Сите одговорности околу децата преминаа на мене. Требаше да ми купи куќа во Белград, но не го стори тоа. Имавме и договор за покривање на детското здравствено осигурување. Денот кога се почувствував најлошо беше оној кога ги однесов децата на лекар и дознав дека не им е платено здравствено осигурување, изјави неодамна пејачката за „Стори“, а турските медиуми пренесуваат дека токму затоа одлучила да го тужи популарниот пејач.