Формиран првиот cabrio, sport coupe, clasic car клуб во Македонија

Формиран првиот cabrio, sport coupe, clasic car клуб во Македонија

Во Скопје овој викенд беше формиран првиот cabrio, sport coupe, clasic car клуб во Македонија. Името на клубот е ‘Cabrio & Coupe Premium Life”. Овој клуб беше формиран од страна на оние љубители на кабриолети си посртски купе автомобили кој ќе има за цел да ги обедини сите љубители на овие возила.

Дружењето кое што се случуваше овој викенд започна од збирното место Casa Burbone каде што се собраа некаде околу 20 автомобили кои што ревијално кружеа низ скопските улици  за на крајот да стигнат до паркингот на хотел Водно.

Сопствениците на автомобилите, после три години дружба и возење, решија на терасата на хотелот Водно и официјално да го формираат првиот клуб од ваков тип во Македонија.