Форбс ја објави листата на најмоќни жени

Форбс ја објави листата на најмоќни жени

Форбс и оваа година ја претстави листата на најмоќни жени за изминатава година.

Германската канцеларка Ангела Меркел се најде на првото место, десетта година по ред. На второ место е шефицата на Европската централна банка, Кристин Лагард, а на трето е Камала Харис, новата потпретседателка на САД. Првата жена, која воедно е и првата црна Американка и првата Азијка Американка која е избрана за потпретседателка на САД, по првпат се најде на листата на најмоќни.

На четвртото место е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Ријана е најмоќна жена меѓу музичарките на 69. позиција, ја следи Бијонсе на 72 и Тејлор Свифт на 82 позиција.