Фиорентина испратила официјална понуда за Елиф Елмас

Фиорентина испратила официјална понуда за Елиф Елмас

Медиумите во Турција и Италија пренесуваат дека италијанска Фиорентина испратила понуда до Фенербахче за услугите на нашиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Виолетовите испратиле понуда во висина од 11 милиони евра, сума која засега не е прифатлива за раководството на Фенербахче. Турскиот клуб за Елмас бара од 14 до 15 милиони евра, па се очекува двата тима да седнат и да разговараат околу конечната сума на играчот.

Фенер бара во договорот да биде вметната и клаузула по која ќе добијат пари и од следната продажба на македонскиот репрезентативец.

Турските медиуми пишуваат дека во последно и тимот на Лион се распрашувал за услугите на фудбалерот од средниот ред кој во моментов игра во одлична форма и се влегува во нотесите на повеќето скаути кои одат да ги следат неговите настапи.