Финалната епизода на „Game of Thrones“ со времетраење од час и половина

Финалната епизода на „Game of Thrones“ со времетраење од час и половина

Финалето на седмата сезона од серијата „Game of Thrones“ ќе биде најдолгата епизода, која ќе трае час и половина. Друга епизода пак, од истата сезона, ќе биде најкратка со времетраење од 50 минути.

– Оваа година, имаме две епизоди кои траат повеќе од 60 минути, изјави Ден Веис, одговорен за времетраењето на епизодите.

Претходната најдолга епизода беше финалето на шеста сезона, „The Winds of Winter“, која беше во времетраење од 69 минути. Откако беше објавен трејлерот за новата сезона, обожавателите шпекулираа и се надеваа дека речиси сите епизоди ќе бидат по 90 минути.