Финалето на СП во Катар е закажано за 18-ти декември 2022 година

Финалето на СП во Катар е закажано за 18-ти декември 2022 година

Челниците на ФИФА уште еднаш потврдија дека наредното светско првенство, во Катар, ќе се игра од 21.ноември до 18.декември 2022 година.

СП во Катар ќе биде првото што ќе се одржи во зима, а големото финале е закажано за 18.декември, на националниот празник на државата.

„Челниците на националните првенства во целиот свет се известени и секако ќе мора да се адаптираат на оваа ситуација“, рекол претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Во исто време, националните Сојузи низ целиот свет се незадоволни од можноста во Катар да се натпреваруваат 48 репрезентации, а Инфантино рекол дека одлуката е на домаќинот да реши дали ќе остане стариот формат со 32 репрезентации.

Инаку, токму Инфантино ја покрена иницијативата за зголемување на бројот на репрезентации од 32 на 48, иако првично беше најавено дека тоа ќе се случи од Светското првенство во 2026 година, чија организација ја добија САД, Мексико и Канада.