Филип Живојиновиќ на вереницата и подари подарок вреден 35 000 евра

Филип Живојиновиќ на вереницата и подари подарок вреден 35 000 евра

И додека активно планира луксузна свадба за која веќе сите зборуваат, Филип Живојиновиќ за својата вереница Александра Пријовиќ спреми уште едно големо изненадување.

Пејачката од својот вереник доби автомобил вреден 35 000 евра.

Како пренесуваат српските медиуми, пејачката веќе со години има желба да научи да вози автомобил. Поради тоа нејзиниот вереник одлучил да ја изненади па и подарил луксузен автомобил.

Инаку, свадбата е закажана за 21 јуни, но пејачката вели дека сеуште ја нема најдено вистинската венчаница.

Закажавме датум за венчавка во црква. Пробав две венчаници да видам како ми стојат, но сеуште ја немам најдено вистинската. Во тоа ми помага мајка ми, мајка му на Филип и секако Брена и кумата – изјави пејачката.