Филип Кутињо повторно во центарот на вниманието

Филип Кутињо повторно во центарот на вниманието

Филип Кутињо со почетокот на новиот трансфер период, повторно се наоѓа во центарот на вниманието.

Веќе одамна не е тајна дека Барселона го сака Кутињо во своите редови, а не е спорна ниту желбата на Бразилецот кој сака да се пресели на Камп Ноу.

Шпански Спорт тврди дека трансферот сега е близу како никогаш досега, а наводно Кутињо ставил дознаење на челниците на Ливерпул дека повеќе не сака да игра за овој клуб.

Шпекулациите дополнително се подгреаа откако Кутињо не се најде во екипата за мечот со Барнли, па многу веројатно последниот негов настап во црвениот дрес е мечот против Лестер.