ФИФА се налути на Кристијано Роналдо и Лионел Меси!

ФИФА се налути на Кристијано Роналдо и Лионел Меси!

Последната одлука на Кристијано Роналдо и Лионел Меси да не присуствуваат на церемонијата на доделување на наградата за најдобар играч во годината толку ја налути ФИФА што Светската фудбалска организација одлучи да почне правна постапка.

Не се работи за овогодишната церемонија која веќе се одржа во понеделникот, туку за оние што следуваат. Во иднина, сите фудбалери ќе бидат принудени да присуствуваат на доделувањето на наградите, а ако не го сторат тоа, ќе се соочат со последици.

Минатите години номинираните фудбалери, главно, доаѓаа на церемонијата, но таму немаше многу тензии бидејќи наградите ги добиваа Меси и Роналдо. Оваа година беше јасно дека ниеден од нив нема да биде победник, па тие одлучија да не отпатуваат во Лондон, наводно секој од различни причини.