ФИФА одлучи кој ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Италија – Македонија

ФИФА ги одреди арбитрите, кои ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Италија и Македонија.

Португалецот Тиаго Мартинс ќе биде главен судија на квалификацискиот меч за Светското првенство во Русија 2018 година, меѓу фудбалските репрезентации на Италија и Македонија, реши ФИФА.

Помошници на Мартинс ќе му бидат сонародниците, Рикардо Сантош и Луис Кампос.