Фифа одлучи – казната за Челси останува

Фифа одлучи – казната за Челси останува

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја одби денес жалбата на Челси за едногодишната забрана за трансфери.

Според казната, клубот може да продава играчи, но нови не може да купи уште една година. ФИФА го санкционираше Челси во февруари, бидејќи англискиот клуб прекрши 29 правила во трансферите на малолетни играчи.

Жалбениот комитет на ФИФА ја потврди суспензијата, но наведе дека на Челси ќе му биде дозволено да регистрира играчи помлади од 16 години.