ФИФА ја рангираше Македонија на 74 место

ФИФА ја рангираше Македонија на 74 место

ФИФА го објави месечното рангирање на националните тимови, каде што Македонија, иако не одигра ниту една средба во текот на овој период, изгуби една позиција.

Македонија во најновото рангирање е на 74 место и е зад Палестина.

Исто така и Албанија, која во оваа фаза нема одиграно ниту еден натпревар, се искачи едно место погоре.

Црвено – црните сега се на 59 – то место.

Подобрување за едно место има и Косово и е на 177 место со 97 поени.

На врвот на листата нема промени. Германија е лидер, а зад неа се Бразил и Португалија. Шпанија е рангирана на шестото место, додека Франција е на деветтото. Италија, откако остана надвор од Светското првенство во Русија, се уште е надвор од Топ 10.