FIFA 19 во септември пристигнува со Лигата на шампионите

FIFA 19 во септември пристигнува со Лигата на шампионите

Популарната видео игра FIFA 19 го објави првиот трејлер и потврди дека и официјално пристигнува на 28-ми септември.

Како што беше познато, Кристијано Роналдо повторно ќе биде главна ѕвезда, а оваа година популарната видео игра би требало да има повеќе играчи и повеќе натпреварувања на УЕФА.

Откако Pro Evolution Soccer на Konami остана без правата на Лигата на шампионите, беше прилично јасно дека најелитното европско клубско натпреварување ќе се најде на овогодишното издание на серијалот FIFA, а тоа сега е потврдено и на најавното видео за FIFA 19.

Освен Лигата на шампионите, од FIFA 19 ја добија лиценцата секако и за Лига Европа, што значи дека ќе се прошири и фондот на фудбалери и тимови, па можеби ќе видиме и некоја македонска екипа на играта.

Како и минатата година, Кристијано Роналдо е главната ѕвезда на видео играта која што излегува на 28-ми септември оваа година, а друштво ќе му прави Нејмар од ПСЖ. Играта пристигнува на PS4, Xbox One, PC и Nintendo Switch платформите.