Fiat 500 стигна до два милиона произведени автомобили

Fiat 500 стигна до два милиона произведени автомобили

Fiat се пофали дека од фабриката во Тики, Полска, излезе двомилионитиот примерок од новиот 500.

 

Се појави пред единаесет години, но неговата популарност сé уште расте – со скоро 60.000 продадени примероци во Европа тој го одбележа најдобриот квартал досега. Возилото со број 2.000.000 е спортскиот и ексклузивен примерок од едицијата Collezione, опремен со TwinAir турбо мотор со 85 коњски сили. Достигнувањето на оваа бројка е клучот во неговата успешна приказна. Малиот елегантен Fiat се пласира во повеќе од 100 земји, а 80% од продажбата е надвор од Италија. Веќе 4 години е бестселер во Европа во својот сегмент, со удел на пазарот од скоро 15%. Освен рекордната продажба, во изминатиов квартал Fiat 500 беше лидер на пазарот во девет земји и меѓу првите тројца во седум други. Отсекогаш бил верен на традицијата но ги следел и трендовите, така што за овие 11 години од него се направени дури 30 специјални серии под знакот на Fiat и Abarth.

 

Моделот 500 прв пат беше произведен во 1957 година и оттогаш се продадени преку 6 милиони примероци од него и неговата современа верзија. Овие клучни бројки ја карактеризираат моќноста на заедничката имагинација и имагинацијата на автомобилската сцена. Насекаде и за сите генерации на возачи, овој модел остана запаметен и важен. Тој е симбол на масовната моторизација и производ од вистинска и општа важност. Не е случајност што се најде и во колекцијата на популарниот музеј на модерната уметност во Њујорк. Производството на новата генерација започна во Тики во 2007 година. Овој модел стана и првиот градски автомобил во светот кој ја освои титулата „Автомобил на годината“.


Fiat 500