Фетел не ги прифаќа критиките од јавноста

Фетел не ги прифаќа критиките од јавноста

Себастијан Фетел не сака така лесно да ги прими критиките кои доаѓаат на негова сметка, по подпросечниот старт на новата сезона.

Во Бахреин Леклер покажа дека Ферари и годинава ќе има пристоен болид кој ќе може да им парира на сребрените стрели, но дилемата е во каква ситуација е Себастијан Фетел, кој извозе две прилично подпросечни трки за него.

Сето тоа беше надополнето со едно невкусно вртење во Бахреин, по кое ја загуби позицијата од Луис Хамилтон, по што веднаш пристигна критики на негова смета.

Можеби сум јас единствениот кој нема краткорочно паметење. Некогаш надвор на патеката работите не функционираат како што сте замислиле, но кога би размислиле за што точно станува збор, мислам дека е доста тешко да се зборува за одредени работи.

Свесен сум дека луѓето денеска судат на темел на тоа што е остварено претходната недела дена. Тоа е дел од животот, нагласи Фетел.