Фетел најави дека би можел да ја напушти Формула 1!

Фетел најави дека би можел да ја напушти Формула 1!

Себастијан Фетел порача дека би можел да ја напушти Формула 1 кога ќе му истече договорот со Ферари во 2020. година.

Фетел во текот на својата кариера освои четири шампионски титули, но порача дека овој спорт се променил во изминатите години и дека се повеќе наликува на шоу.

Токму поради тоа смета дека неговоиот труд е залуден.

Сигурен сум дека сакам да возам оваа и следната година, но не знам што ќе се случи потоа со правилата – вели Фетел и додава:

Не знам што ќе биде со мене… Сигурно нема да седам тука и да размислувам дека сигурно ќе возам само за да бидам дел од Формула 1. Многу работи се променија во последно време, Формула 1 сега повеќе е бизнис, повеќе шоу отколку спорт. Тоа важи и за останатите спортови, веројатно, но треба јасно да се каже, ако е шоу тогаш нека биде шоу до крај. Имам впечаток дека трошиме премногу време, енергија и пари на скапи правила кои не служат за ништо.

Инаку, Фетел во текот на кариерата оствари 52 победи и дури 111 пати се искачил на победничкиот подиум.

Во првите две трки од новата сезона Фетел не успеа да оствари резултати какви што се очекуваа од него па моментално е на петтата позиција од генералниот пласман со 22 освоени бода.