Фетел ги негира тврдењата за тимската наредба

Фетел ги негира тврдењата за тимската наредба

Очигледно дека фрустрации постоеа кај Себастијан Фетел на вчерашната трка во Кина, откако беше прашан за тимските наредби на неговата екипа.

Во Кина, Ферари му помогна максимално на Фетел да го мине Леклер, иако во тој период од трката сигурно Германецот не беше побрз од тимскиот колега на патеката.

Но Фетел на пресконференцијата по трката, реагираше негативно кон медиумите, за кои тој смета дека правеле непотребна фама од потезите на Ферари.

Знаев дека моментот кој сеслучува, ќе предизвика одредени реакции, но не сум сигурен дека треба да ви одговорам на ова прашање, затоа што сум против ваков начин на информирање и прашување, затоа што потоа ги искривувате одговорите. Мислев дека во тие моменти бев побрзиот болид, бев прашан дали можам да возам побрзо, јас дадов потврден одговор – истакна Фетел.