Ferrari SF90 Stradale со 1.000 коњски сили

Ferrari SF90 Stradale со 1.000 коњски сили

Новиот модел има плаг-ин хибриден погон и важи за најмоќното “Ferrari” на сите времиња, кој може да се води по јавни патишта.

Италијанскиот произведувач во средата го претставил својот втор хибриден модел, по “LaFerrari” од 2013-та година.

Сепак, за разлика од претходниците, Ferrari SF90 Stradale има можност за дополнување на погонските батерии преку приклучок за струја (plug-in hybrid), како и погон на сите четири тркала.

Уште еден куриозитет е дека ова е најмоќно сериско “Ferrari” кое некогаш е направено исклучиво за тркачките патеки – вкупната сила на хибридниот систем изнесува точно 1.000 коњски сили.

Во срцето на SF90 Stradale се наоѓаа турбополнет 4.0 V8 со 780 коњски сили и 800 Nm максимален вртежен момент.

Само овој мотор би бил доволен за љубителите на суперспотските автомобили да бидат оставени без здив. Меѓутоа, “Ferrari” додал уште три електромотори, кои заедно произведуваат 220 коњски сили (162 kw), па вкупната сила достигнала 1.000 коњски сили (735 Kw).

Двата електромотори ја придвижуваат предната, а третиот задната осовина. Електричните агрегати се напојуваат со струја од литиум-јонски батерии со капацитет од 7,9 KWh.

Силата на сите четири тркала се пренесува преку 8-брзинскиот автоматизиран менувач со двојно квачило.

Преведено во бројки, перформансите се следните: автомобилот од 0 до 100 km/h забрзува за 2,5 секунди, а од 0 до 200 km/h за само 6,7 секунди. Максималната брзина е 340 km/h.

“Ferrari” наведува дека SF90 Stradale може да вози и само со помош на батеријата. Доколку се потпира исклучиво на силата на електромоторот, автомобилот е во состојба да мине до 25 километри.

Иако моделите со хибриден погонски систем поради батеријата се значително потешки од конвенционалните, Ferrari SF90 Stradale е релативно лесен со маса од вкупно 1.570 кг. Тоа е за 30 кг помалку од првиот модел на “Ferrari” со хибриден погон.

Автомобилот има многу модерен дизајн, како од надвор, така и внатре. Изгледот на кокпитот е инспириран од Formula 1, а командната табла е максимално дигитализирана со голем 16-инчен HD екран.

Возачот на располагање има 4 режими на возење: eDrive, Hybrid, Performance и Qualify. Првите два, како што сугерираат и нивните имиња, се наменети за економично и еколошко возење.

Во eDrive мод V8 е целосно исклучен, па погонскиот систем се потпира исклучиво на силата на електромоторот. Во Hybrid режим компјутерот по потреба го вклучува V8 агрегатот и дозира сила на бензинец во зависност од јачината на притисокот на педалата за гас и условите во возењето.

При одбирање на Performance и Qualify режим, V8 моторот е нон-стоп вклучен и системот е секогаш подготвен да испорача максимални 1.000 коњски сили.

Ferrari засега не објавил информации за датумот за почнување на продажбата како ни цената на SF90 Stradale, а се очекува овој модел да се појави во продажните салони до крајот на годината.