Фердинанд: Најдобар напаѓач во Премиер лигата е Серхио Агуеро!

Фердинанд: Најдобар напаѓач во Премиер лигата е Серхио Агуеро!

Според Рио Фердинанд, најдобриот напаѓач во Премиер лигата е Серхио Агуеро.

Откако Аргентинецот во финалето од Комјунити Шилд го сруши Челси и стигна до бројката од 200 гола во дресот на Манчестер Сити, напаѓачот на Граѓаните го пофали некогашниот негов голем ривал од редовите на Јунајтед, Рио Фердинанд.

Да се постигнат 200 гола за Манчестер Сити е фантастичен успех. Мислам дека е најдобриот напаѓач во Премиер лигата. Играв против него, тој беше мојот најтежок противник – изјави Рио Фердинанд кој очигледно го цени повеќе Агуеро од неговиот сонародник Хари Кејн.

Кејн е одличен играч, но за мене Агуеро е уште подобар – изјави Рио Фердинанд.