Ферари го прославува 70 роденден

Ферари прославува 70 години. За роденденот е предвидена тридневна прослава.

Првиот настан ќе биде организиран во Милано каде денеска ќе бидат изложени 500 возила, потоа во Модена и најпосле во Маранелo, родното место на Ферари.

Приказната за Ферари почнала во 1929 година, кога познатиот симбол на коњ под италијанското знаме првпат се појави на тркачки автомобил „алфа ромео“. Еден од возачите бил извесен Енцо Ферари.

Енцо Ферари подоцна раскажал дека мајката на Баракa, кој загинал во 1918 година, му рекол на автомобилот да го стави коњот на нејзиниот син затоа што ќе му донесе среќа.

Жолтата позадина е симбол на родното место на Ферари, Маранело.