Фејсбук со забрана за ширење лажни вести

Фејсбук објави дека ќе им забрани на компаниите и другите корисници поврзани со ширењето лажни вести да се рекламираат преку оваа социјална мрежа.

Фејсбук објавил дека дополнително ја развил и подобрил алатката „Поврзани написи“ за да ги намали циркулацијата и влијанието на лажните и измамнички стории на кои е изложена јавноста.