Федерер убедливо до полуфинале на Мастерсот во Мајами

Федерер убедливо до полуфинале на Мастерсот во Мајами

Роџер Федерер се пласира во полуфиналето од Мастерсот во Мајами по убедливата победа против Кевин Андерсон со 2-0 (6-0, 6-4).

Швајцарецот по седми пат во својата кариера ќе игра во таа фаза од турнирот и сигурно ќе биде голем фаворит против Денис Шаповалов од Русија кој го победи Френсис Тиафо.

Федерер го почна натпреварот со осум освоени гема во серија и веќе водеше со 1-0 по сетови и 2-0 во вториот сет. Андерсон се врати во игра со брејк во шестиот гем, но Федерер не дозволи изненадување, освои противнички сервис во деветтиот гем и го заклучи мечот кој траеше 89 минути.