Федерер и Ѓоковиќ ќе се борат за пехарот во Синсинати

Федерер и Ѓоковиќ ќе се борат за пехарот во Синсинати

Рожер Федерер е противникот на Новак Ѓоковиќ во финалето на АТП Мастерот со Синсинати.

Ова е епилогот по второто полуфинале во кое Федерер излезе како победник од пресметката со Давид Гофан само по еден час игра. Имено белгискиот ас го предаде мечот поради повреда при негатива од 1-0 (7-6) и 1-1 во вториот сет што значеше дека Рожер е во осмото финале во Синсинати каде ќе се бори за осмиот трофеј или поточно кажано досега не знае за пораз во завршните мечеви на турнирот.

Воедно ова ќе биде 46 меѓусебна пресметка меѓу популарниот Федекс и Ноле, а засега Србинот има мала предност од 23-22 со тоа што мора да се напомене дека Швајцарецот е недопирлив во Синсинати, односно досега три пати му земаше мерка на Ѓоковиќ во финалните пресметки (2009, 2012 и 2015).