Фарук Џејмс e вистински хит на инстаграм поради неговата коса

Фарук Џејмс e вистински хит на инстаграм поради неговата коса

Фарук Џејмс има 6 години и доаѓа од Лондон, а кога неговата мајка му направила Инстаграм профил имал само 2 години, така што тој стана ѕвезда многу порано, бидејќи случајните минувачи застанувале за да се фотографираат со него поради необичниот изглед.

„Прошетка од 15 минути би се претворила во еден час, бидејќи луѓето нè застануваа, испитуваа, му делеа комплименти и сакаа да се фотографираат со него“, вели неговата мајка Бони.

Таа истакна дека му отвориле профил на социјалните мрежи, бидејќи сакале да покажат дека е во ред и момчињата да имаат долга кадрава коса.

Како што би рекла неговата мајка, најмногу им пречи кога луѓето ја допираат неговата коса.

„Го научив да им вели: Благодарам за комплиментите, но Ве молам не ја допирајте мојата коса, истакна таа. Фарук и неговата мајка имаат Јутјуб канал, каде објавуваат снимки од средувањето и негата на неговата коса“, погледнете.