Фантастичен концерт на Brit Floyd во Скопје

Фантастичен концерт на Brit Floyd во Скопје

BRIT FLOYD се посветени на тоа да го оживеат Pink Floyd во секоја нота и секој потег, поради што заслужено се сметаат за нешто најблиску до Pink Floyd.

Во Скопје донесоа исклучително прецизен музички перформанс придружен од неверојатно оргинално видео и анимација на препознатлива бина со пинк-флојдовскиот лак и светлосен круг, со совршено аудио и визуелно доживување на легендарните песни од “The Piper at the Gates of Dawn” па се до “Division Bell”.

Беше изведен и сечиј омилен албум “Wish You Were Here”, како и легендарниот “The Dark Side of the Moon”, кој оваа година слави 45 години.

Ви ја пренесуваме атмосферата на концертот кој се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје во организација на Авалон продукција.

Фотографија: Миладин Паповиќ