Фановите разочарани поради скратената сцена на The Notebook

“The Notebook” е достапен на Нетфликс, но доколку припремивте кутија хартиени марамчиња за една од најважните сцени во филмот, би можеле да се разочарате.

Една од највпечатливите сцени во романтичната приказна на Ноа и Ели, нивната заедничка смрт, на крајот од филмот нема да ја видите во верзијата на Нетфликс. Наместо тоа, филмот завршува откако дементната Ели се сеќава на нивната љубов, а последното нешто што гледачите можат да го видат е како тие двајца се држат за рака.

Бројните обожаватели на филмот го изразиле своето незадоволство на социјалните мрежи.