Фановите на Јунајтед ќе го казнат Мурињо!

Фановите на Јунајтед ќе го казнат Мурињо!

Фановите на англискиот клуб се разочарани од стилот и начинот на игра кој беше прикажан на „Олд Трафорд“поради што Манчестер Јунајтед доживеа и елиминација во Лигата на шампионите уште во осминафиналето.

Потоа следуваше делот од прес-конференцијата на Мурињо кој предизвика уште повеќе негативни реакции кај фановите на Јунајтед.

– Загубивме, тоа е фудбалот, тоа е животот… Утре е нов ден, среќен сум што сите фудбалери се тажни и не го кријат тоа. Немаме време за драми бидејќи веќе во сабота не очекува важен натпревар. Сум седел два пати на овој стол. Како тренер на Порто, Јунајтед елиминиран, како тренер на Реал Мадрид, Јунајтед елиминиран. Значи ова не е нешто ново за овој клуб, – истакнал Мурињо.

За неговото некоректно однесување на прес-конференцијата, како што напишаа голем број од навивачите, тие се организираа и успеаа да направат хаштаг со зборовите #мурињонадвор, на кој фановите го обвинуваат Португалецот за овој неуспех.

Но, очигледно нема да останат на комуникацијата преку социјалните мрежи туку веќе се организираат за натпреварот кој ќе го играат во сабота против Брајтон во ФА купот. Навивачите ќе ораганизираат марш на кој ќе носат банери на кои ќе пишува ,,МУРИЊО ОДИ СИ”.