Фановите ја забележаа грешката во 5та еппизода на Game of Thrones

Фановите на серијата „Игра на тронови“, ја забележаа грешката во 5-та епизода од осмата сезона која не им се допадна, а друштвените мрежи веднаш беа преплавени со коментари.

Сите верни фанови на оваа серија знаат дека Џејми Ленистер во текот на серијата остана без десната рака, што му претставува голем проблем во борбите.

Сепак во еден момент додека ја прегрнува својата избраничка, на Џејми му се појавува неговата десна рака во кадарот. Фановите веднаш почнаа да пишуваат како оваа грешка во серијата е недопустлива.