Facebook ја призна направената грешка

Facebook ја призна направената грешка

Facebook официјално објави дека го прекинува експериментот со поделба на основната страна на „њуз фид“ и „експлор фид“ и практично призна дека направил грешка.

Со експериментот беа опфатени шест земји: Шри Ланка, Србија, Словачка, Боливија, Гватемала и Камбоџа.

„Луѓето не сакаат разделен фид, резултати од анкетата го покажуваат тоа“, напиша раководителот на њуз фидот во фејсбук Адам Мосери

Компанијата во моментов се фокусира на друг експеримент посветен на промоција на локални вести, сега за сега достапно само во шест градови.