„Facebook“ има ново мени

„Facebook“ има ново мени

„Facebook“ има сериозни планови за својата „iOS“ апликација.


Не постои сајт или апликација која во истиот момент кога ја отварате нема да ви „сервира“ некој оглас или реклама, а „Facebook“ е далеку од исклучок за истото.Меѓутоа, како би ги избегнале таргетираните огласи, кои се поприлично иритантни кога сте на телефон, технолошките компании често покушуваат да дојдат до додатни податоци за корисниците со кои би можеле да пласираат огласи кои ќе бидат скроени според нивните потреби, а со самото тоа ќе им ги намалат нервозите.

Еден од начините на кои тоа го прави „Facebook“ е преку пат на „VPN“ сервис кои го купи од неодамна, кој ќе служи за зголемена безбедност на корисниците.

Поради тоа подесувањата за „iOS“ верзијата „Facebook“ апликацијата се појави „Protect“ мени кое корисниците директно ги праќаат на страницата на која можат да го инсталираат „VPN“.

Оваа апликација во теорија би требало целиот сообраќај да го преусмерува низ виртуелната мрежа на сервисот, со цел да се заштитат корисниците од малциозните скрипти, пратења и сите останати секојдневни закани на кои се изложени.

Меѓутоа проблемот се наоѓа во тоа што „Facebook“ тимот може да ги следи активностите на корисниците и така добива драгоцени податоци за нив, со кои би ги пласирал огласите и рекламите кои би ги интересирале нив.