Фабрегас се збогуваше со навивачите на Челзи

Фабрегас се збогуваше со навивачите на Челзи

Цеск Фабрегас вечерва го одигра последниот меч за Челзи откако се реши да го напушти Стенфорд Бриџ по четири години.

За жал Шпанецот не успеа да постигне гол во овој меч иако имаше шанса од пенал, но противничкиот голман го одбрани неговиот удар.

Сепак замина во голем стил. Комплетниот Стенфорд Бриџ го поздрави Фабрегас кој изминатите четири години го носеше нивниот дрес. Солзите секако беа неминовни откако Цеск по излегувањето од игра заплака, а тогаш овациите од трибините станаа уште посилни.