Фабрегас се сели во Монако!?

Фабрегас се сели во Монако!?

Како што пренесуваат англиските медиуми, 31-годишниот Шпанец би требало во следните неколку дена да го напушти Челси.

Наводно новиот клуб на Сеск Фабрегас ќе биде Монако, а тој деновиве ќе стави потпис на две и пол годишен договор со клубот од Кнежевството.

На Фабрегас договорот со Челси му истекува по крајот на оваа сезона, а со оглед на тоа што Челси сака да заработи од неговиот трансфер, тој ќе го напушти клубот веќе овој месец.

Наводно Фабрегас ќе добие 10 милиони евра како бонус за потписот со Монако, а во овој клуб ќе заработува наводно и висока плата. Сепак, повеќе детали околу трансферот на Фабрегас во Монако ќе бидат познати во текот на следните неколку дена.